Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја ги подготвува граѓаните за војна

Европска земја ги подготвува граѓаните за војна

Шведска е земјата која подготвува брошура за тоа како да се постапи во случај на криза, вклучително и во војна, која ќе биде дистрибуирана на адреса на 4,8 милиони домаќинства.

Материјалот ќе биде дитрибуиран за време на неделните подготовки за итни реагирања од 28 јуни до 3 јули. Брошурата исто така ќе биде достапна и во електронска форма на шведски, англиски и на повеќе од десет јазици.

Во брошурата ќе се најде и информацијата за тоа што треба да содржи кутијата за вонредна ситуација, со конзервирана храна, а граѓаните се советуваат да имаат и готовина за случај банкоматите да не работат, како и телефонските служби за итни ситуации.

Брошурата од 20 страници со наслов „Ако биде криза или војна“ има за цел подобро да ги подготви граѓаните во случај јавните служби да бидат ослабени со акциденти, временски непогоди, хакерски напади или, во најлош случај, војна, информира Агенцијата за цивилна одбрана.

Слично

Поврзани вести