Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска геополитичка заедница со Западен Балкан во неа, предложи Mишел

Европска геополитичка заедница со Западен Балкан во неа, предложи Mишел

Европска геополитичка заедница со Западен Балкан во неа, предложи претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел. 

Ова ќе придонесе за зближување и за зајакнување на соработката меѓу европските земји, вклучително и Западен Балкан, во решавањето на заедничките предизвици, промовирањето мир и стабилност и безбедноста на континентот.

„Земјите од Западен Балкан, земјите кои се приклучуваат од нашето источно партнерство и другите европски земји со кои имаме блиски односи се првите на кои мислам. Лидерите на земјите кои би учествувале во овој проект ќе се состануваат најмалку двапати годишно, а надворешната политика би била најважната област на соработка во таа заедница“, рече Мишел.

Во говорот на денешната седница на Европскиот економски и социјален комитет во Брисел, тој најави дека веќе почнал консултации со лидерите на земјите членки на ЕУ за формирање на Европската геополитичка заедница и оти ова прашање ќе го стави на дневен ред на јунскиот самит на ЕУ.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон заговара создавање на Европска политичка заедница. Приклучувањето кон таа заедница не значи и идно членство во ЕУ. Ниту таа би била затворена за оние кои ја напуштиле. 

Слично

Поврзани вести