Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска држава со 34.000 жители ја победи короната

Европска држава со 34.000 жители ја победи короната

Мала држава во Европа ја победи короната и ги укинува рестрикциите. 

Се работи за Сан Марино, земја со 34.000 жители од кои над 70 отсто се вакцинирани. Победата над коронавирусот може да се припише на фактот дека земјата не е членка на ЕУ, затоа не мораше да ги следи строгите правила на регулаторните тела на Унијата, за кои вакцини може употреба, пишува „Раша Тудеј“.

Властите во Сан Марино решиле да ја набават и руската вакцина „спутник В“ и со тоа вакцинирале добар дел од населението. Сега, нивните експерти направија анализа што укажува на тоа дека сите оние кои примиле Спутник развиле многу малку несакани ефекти и добиле доволна количина антитела. Истражувањето го опфати периодот од 4 март до 8 април и во него учествуваа околу 2.500 лица, на возраст од 18 до 89 години.

Гибралтар е првата земја во Европа која се врати во нормала во април. 

Слично

Поврзани вести