Европска држава ги oлеснува ковид мерките, се скратува карантинот, маски на отворено нема да се носат
Уште една земја во Европа ги олеснува ковид мерките. Станува збор за Италија. Земјата одлучи да ги ублажи мерките воведени поради коронавирусот, пишува „Анадолија“.
Властите најавија одредени мерки откако бројот на заразени во земјата почна да се намалува.
Владата го укина и ограничувањето од шест месеци на т.н. сертификат за супер ковид кој потврдува дека лицето е целосно вакцинирано против Ковид-19 или било заразено со коронавирус во последните шест месеци.
Владата ја преполови должината на времето што невакцинираните треба да го поминат во карантин по близок контакт со заразено лице од десет на пет дена. Дополнително, од петок во белите региони каде има низок ризик од инфекција со новиот коронавирус веќе нема да бидат задолжителни заштитните маски на отворено. И ноќните клубови во овие региони ќе можат да работат.
Франција ќе ја укине обврската за тестирање на коронавирус за вакцинирани патници од земји надвор од Европската унија.
Швајцарската влада подготви два сета мерки против кoрoнa, кои треба да важат од 17 февруари, а дали попуштањата на мерките ќе биде делумно или целосно, ќе зависи од моменталната епидемиолошка состојба во земјата.
foto freepik.com
