Европратениците бараат поголема одговорност од Европската централна банка
Европската централна банка (ЕЦБ) треба да стори поголем напор за да се осигура банките кои позајмуваа евтини кредити сега стануваат дел од пазарната економија, а самата финансиска институција треба да стане потранспарентна. Ова се наведува во резолуцијата усвоена денеска од европратениците, откако вчера дискутираа за работата на ЕЦБ во присуство на претседателот на банката Марио Драги.
Европскиот парламент побара и подобра одговорност на финансиска институција во согласност со нејзината зголемена улога во решавањето на кризата во еврозоната.
Резолуцијата, која ја дава годишната оценка на работата на оваа финансиска институција се осврна и на монетарната политика на ЕЦБ како одговор на кризата во еврозоната. Европратениците инсистираат банката да направи повеќе за поттикнување на растот и вработувањето. Документот повикува институцијата да преземе мерки, слични на планираните од централната банка на Велика Британија, за да се осигура дека евтините кредити на ЕЦБ за европските банки се дел од реалната економија.
Резолуцијата го покренува и прашањето за ограничената политичка одговорност и транспарентност на ЕЦБ.
Вчера Марио Драги изјави дека ЕЦБ останува "цврсто посветена на мандатот за стабилност на цените". Тој додаде дека институцијата која ја раководи, не може сама да ја реши кризата, па земјите од ЕУ треба исто така да си ја завршат својата работа.
Слично
