ЕВРОПОЛ ОТКРИВА: Во Европа има неколку стотици потенцијални терористи
Полициската служба на ЕУ (Европол) смета дека во Европа има неколку потенцијални терористи. Ова го соопшти денеска германскиот весник „Ноје оснаброкер цајтунг“, повикувајќи се на претставник на Европол.
Станува збор за исламисти од ЕУ, кои војувале во Сирија и Ирак на земјата на „Исламска држава“ и веќе се вратиле во Европа.
Вкупно Европол проценува на околу 5000 т.н. „странски борци“, кои заминале кон жариштата. Една третина од нив - околу 1500-1800 - се вратија во ЕУ.
„Многу од нив немаат ниту намера, ниту можност да остварат терористички акти. И сепак има стотици потенцијални терористи кои претставуваат закана за безбедноста во Европа“, посочи Европол и вели дека ќе помогне во националните спроведувања на законот да се набљудуваат сомнителни лица,.
Нема „конкретни податоци“, дека „Исламска држава“систематски ги користи миграциските текови, за да вовлекува борци во Европа, изјави цитираниот во германскиот весник претставник на Европол.
Во исто време, премиерот на Баварија Хорст Зехофер изјави дека исламскиот тероризам пристигнал во Германија и политичарите треба да се соочат со срамот на населението во врска со безбедноста и миграцијата, пренесе Reuters. „Секој напад, секој терористички акт е премногу. Исламскиот тероризам пристигна во Германија“, изјави Зехофер.
Серија напади во Германија од 18 јули наваму оставија 11 лица мртви и десетици повредени, предизвикувајќи критика кон политиката на отворени врати спрема мигрантите на германската канцеларка Ангела Меркел. Повеќе од милион мигранти пристигнале во земјата минатата година.
