Европол го истражува случајот на убиената новинарка од Малта
Европол ќе активира тројца истражители кои ќе имаат задача да најдат одговори за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција која работеше на случаи за корупција во високите кругови на власата.
Холандски експерти и агенти од американското ФБИ веќе се приклучија на истрагата за убиството од 16 октомври, кога беше кренат во воздух автомобилот на новинарката, по што таа почина.
Во вторникот, претседателот на Европарламентот Антонио Тајани соопшти дека го покренал ова прашање на состанокот со лидерите на ЕУ.
– Побарав меѓународна истрага за целосно разјаснување, на овој досега невиден, според својата сериозност, настан, истакна Тајани.
Владата на Малта деблокираше еден милион евра, наменети за информација, која би довела до информација до извршителите и нарачателите на убиството.
ЕП испраќа делегација на Малта за да истражува како Владата се справува со корупцијата, што според локалните меиуми, се толкува како уште еден начин за вршење притисок врз премиерот Џоузеф Мускат.
Новинарката Дафне Каруана Галиција беше убиена со автомбил бомба што укажува на висока софистицираност во егзекуцијата.
