Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европјаните веруваат дека наскоро Русија ќе изврши инвазија на Украина

Европјаните веруваат дека наскоро Русија ќе изврши инвазија на Украина

Aнкета покажа дека мнозинството Европјани веруваат дека Русија ќе ја нападне Украина. 

Во Франција и Шведска, луѓето постари од 60 години веруваат дека инвазијата е веројатна, додека во Романија, Италија, Германија и Финска, најмладата генерација – луѓето родени по крајот на Студената војна – се групата луѓе кои сметаат дека тоа е најреално сценарио.

Паневропска анкета нарачана преку Datapraxis, AnalytiQs и Dynata во Финска, Франција, Германија, Италија, Полска, Романија и Шведска, покажа дека мнозинството анкетирани веруваат дека Русија ќе ја нападне Украина оваа година. Во секоја анкетирана земја – освен Финска (44 отсто) – мнозинството од испитаниците мислат дека Русија ќе ја нападне Украина. Позитивен одговор на прашањето за можноста Русија да нападне дале 51 процент во Франција, Германија (52 отсто), Италија (51 процент), Полска (73 отсто), Романија (64 проценти) и Шведска (55 отсто). 

Русија најави повлекување на своите војници кои се распоредени близу границата со Украина.  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дкеа не размислувале за војна. Претходно, украинскиот претседател Влодомир Зеленски најави дека денеска ќе се случи инвазијата. 

САД испрати порака до Русија, дека ќе даде поддршка на Украина.  

foto EPA

Слично

Поврзани вести