Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПЈАНИТЕ НА НОЗЕ: Ова ги обедини

ЕВРОПЈАНИТЕ НА НОЗЕ: Ова ги обедини

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на протести во повеќе европски градови против национализмот и десничарскиот популизам.

Протестите во пресрет на изборите за Европскиот парламент се одржаа под слоганите „Една Европа за секого: Вашиот глас против национализмот“ и „Не, на омразата, да на промените“.

Меѓу градовите во кои се одржаа вакви протести беа Берлин, Будимпешта, Женева, Утрехт, Варшава. Букурешт, Хамбург, Келн, Франкфурт, Минхен и Лајпциг.

Организатори на протестите се повеќе од 70 групи, кои велат дека ја поддржуваат ЕУ, но бараат и промени во миграциската политика и поддршка на мисиите за помош на мигрантите во Средоземното Море.

Слично

Поврзани вести