Европејците се против: А што мислите вие за укинување на зимско и летно сметање на времето?
Повеќе од 80 проценти од анкетираните Европејци сакаат да биде тргната практиката на поместување на часовниците и смената на летно и зимско сметање на времето.
Консултациите на Европската комисија од почетокот на јули до средината на август вклучуваа 4,6 милиони луѓе (помалку од 0,5% од населението на ЕУ).
Повеќе од три милиони гласови беа дадени во Германија.
Од оние кои претпочитаат да престане да се менува зимско и летно сметање на времето, повеќето сакаат да се задржи летното сметање на времето.
Портпаролката на ЕК пред неколку дена рече дека Европската комисија детално ќе ги испита резултатите пред да даде какви било јавни изјави.
Иако не е правно обврзувачки, консултациите можат да послужат како основа за законодавни активности потребни за да се направат промени во правната рамка. Секоја конечна реформа мора да биде одобрена од Европскиот парламент и земјите-членки.
Што мислите вие за оваа тема, дали ќе биде подобро да се премине само на летно сметање на времето или да остане како што е?