Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европејците ги симпатизираат сириските бегалци?

Европејците ги симпатизираат сириските бегалци?

Над 3/4 од Европејците ги симпатизираат сириските бегалци, а помалку од една третина ги сметаат за ризик за националната безбедност.

Повеќето од Европејците ги симпатизираат сириските бегалци кои доаѓаат во нивните земји, покажува анкетата на јавното мислење, соопштија од Фондацијата Томсон Ројтерс.

Според анкетата на институтот Ипсос Мори, Ирска е на чело на европските земји кои најмногу  сочувствуваат со сириските бегалци - 87% од испитаниците. На дното на листата на земјите е Словачка.

Во анкетата учествувале 12 000 луѓе од 12 европски земји. Иако имаше напади, во кои беа вмешани мигранти, помалку од една третина од анкетираните сметаат дека бегалците се ризик за националната безбедност.

„Европејците не станаа бездушни“ -  коментира Дејвид Милибанд, претседател на Меѓународниот спасувачки комитет - хуманитарна организација, која ја нарачала анкетата.

Истовремено друга анкета покажа дека мигрантите, кои ќе се обидат да влезат нелегално во ЕУ, ќе се зголеми нагло оваа година, иако Унијата инвестира 17 милијарди евра во напорите за намалување на миграцискиот проток во последните 18 месеци.

Според анкетата на прекуокеански Институт за развој се очекува 60% од мигрантите кои пристигнуваат во Европа оваа година, да се обидат да влезат во ЕУ со лажни пасоши. Минатата година на ваков начин влегле во ЕУ 35% од бегалците.


Слично

Поврзани вести