Европарламентот ќе го чуваат 35 вооружени лица
Европарламентот ќе го чуваат 35 вооружени лица внатре.
Ова стана јасно при претставувањето на европскиот предлог буџет за 2017 година. Следната година ЕУ ќе троши пари за бизнис и за бегалците. Зголемената заштита на евроинституциите која ќе ги опфати и европските училишта, ќе чини 16 милиони евра.
Евроинституциите треба да скратат уште 212 функции следната година, за да го намалат персоналот за 5% поради економската криза.
За следната година ЕУ предвидува зголемување на трошоците за администрацијата до 9,3 милијарди евра, наместо 8,9 милијарди.
Ова се должи на зголемувањето на платите на еврочиновниците. Нивните плати се пресметуваат според формула која ги зема предвид платите на службениците во 11 земји-членки. Според ова излегува дека вработените на евроинституциите ќе добијат зголемување од 2,4%.
Дополнителни средства ќе бидат потребни и за назначување на преведувачи од ирски, кој од следната година ќе се применува подеднакво со останатите 23 официјални јазици, бидејќи е регистриран како официјален јазик од Ирска.
Во 2017 година ЕУ планира да ги концентрира трошоците за отворање на нови работни места и унапредување на бизнисот, како и за бегалците, мигрантите и за заштита на своите граници.
