ЕВРОПА ЗАГРИЖЕНА: Времето на бегалската криза допрва доаѓа
На вонредниот самит за бегалската криза, државите од Европската Унија се договорија да ги релокализираат 120 000 бегалци низ земјите-членки и да го зголемат нивното финансирање.
На овој самит, европските лидери покажаа загриженост и предупредија дека најголемиот наплив на бегалци и мигранти допрва доаѓа.
,,Времето на бегалската криза само што започна. Во иднина напливот на бегалци ќе биде уште поголем.”- изјави претседателот на Европскиот Совет, Доналд Таск по петчасовните разговори.
Европските лидери се договорија и деа неопходно е моменталниот хаос на границите да заврши и да се најдат соодветни механизми за справување со приливот на мигранти.
На самитот беше предложено да се даде над 1 милијарда евра за мобилизација на бегалците. Освен, тоа лидерите се договориле да дадат дополнителна помош на земјите од соседна Сирија, како што се Јордан, Турција и Либан.
