Европа загрижена од нови напади - Холандија нова мета на џихадистите
Безбедносните агенции од Европа се загрижени дека постои закана од нови напади на припадници на џихадистичката терористичка организација ИСИС кои се кријат во европските држави чекајќи прилики за извршување на терористички акти, а посебна тревога е крената во Холандија.
Според него, во последните шест месеци бројот на странски терористи не е зголемен, но фактот дека тие не патуваат не значи и дека потенцијалната закана од оние кои би патувале е намалена.
Шуф оцени дека воените операции против борците на ИД во Сирија и Ирак доведуваат до „распрснување“ на приврзаниците на оваа екстремистичка организација, што веројатно ќе овозможи постепено зголемување на бројот на бегалци, кои претставуваат закана за националната безбедност на Холандија и други европски земји.
Холандскиот експерт, исто така, предупреди дека Холандија иако не била мета на голем терористички напад, какви што беа извршени во Белгија и Франција, сепак „реални се шансите“ тоа да се случи.
