ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната
Акциите на европските производители на оружје и воздушни компании денеска пораснаа на нов рекорд бидејќи инвеститорите очекуваат поголеми инвестиции во одбраната.
Акциите на BAE Systems, британска мултинационална компанија за одбрана, безбедност и воздухопловство, пораснаа за 5,5 отсто на почетокот на денешното тргување, што е најмногу од сите компании на индексот FTSE 100 на Лондонската берза, пишува Гардијан.
Француската мултинационална воздухопловна и одбранбена компанија Талес забележува раст на нејзините акции за четири отсто, а италијанскиот Леонардо за повеќе од пет отсто.
Акциите на германскиот производител на оружје Рајнметал денеска скокнаа за околу седум отсто, што е најбрзо темпо од сите компании што го сочинуваат индексот DAX на Франкфуртската берза.
Европските власти размислуваат за нов голем пакет помош за одбрана и поддршка за Украина, што би можело да го поттикне Рајнметал да ги забрза плановите за зголемување на производството.
Американските власти најавија дека следната недела ќе се сретнат во Саудиска Арабија за да преговараат со руските претставници за ставање крај на конфликтот во Украина и предложија Европа да не биде вклучена во преговорите.
Минхенската безбедносна конференција ги истакна разликите меѓу САД и Европската унија за важни прашања, а европските лидери денеска се собираат во Париз на итен самит за војната во Украина.
Б92.рс