Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа треба да го зајакне притисокот за решение на кризата во Сирија

Европа треба да го зајакне притисокот за решение на кризата во Сирија

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Европа треба да го зајакне притисокот за изнаоѓање дипломатско решение на кризата во Сирија, а не да стои настрана, пренесе АП.

Францускиот претседател рече исто така дека Европа не треба да чека да биде избран нов претседател на САД подоцна оваа година, за да продолжи напред и да ја преземе својата одговорност во најголемите светски кризи.

Европа треба да присуствува на меѓународната сцена, рече Оланд по средбата со европските левичарски лидери одржана во француската престолнина.

Повикот на претседателот е упатен во пресрет на обновување на преговорите за Сирија во Женева во понеделник . Русија и САД доминираа со дипломатските дискусии за наоѓање излез од војната во блискоисточната земја во последните неколку недели и сега одржуваат нови средби на оваа тема.

Во неделата во Париз американскиот државен секретар Џон Кери ќе разговарал за Сирија, но и за Украина, Либија и Јемен со своите колеги од Франција, Германија, Италија, Велика Британија и со Федерика Могерини.

Зборовите на Оланд за поголемо учество на Европа на меѓународната сцена доаѓаат откако американскиот претседател Барак Обама ја критикуваше француската и европската политика во Либија во интервју за списанието „Атлантик“ и тоа ги налути некои политичари во Европа.

Слично

Поврзани вести