Европа стравува од невработеноста на младите
Светската елита најмногу стравува од растот на нееднаквоста и социјалните немири, покажува глобалната студија на Светскиот економски форум. Се поголемата невработеност, сиромаштијата и економската нееднаквост меѓу луѓето во многу земји од светот ќе бидат главен предизвик во 2014 година.
Анкетата ја спроведе Светскиот економски форум меѓу 1.500 економисти, политичари и интелектуалци од сите континенти.
Големата невработеност во моментов е најголем економски и политички проблем, смета поголемиот дел од испитаниците и борбата против невработеноста се наведува како проблем кој мора да има апсолутен приоритет за надлежните влади.
Во Северна и Средна Америка и Азија, политичката и работна елита имаат поинаков поглед и како главен проблем гледа во се поголемата разлика меѓу богатите и сиромашните.
Од социјалните немири најмногу стравува Европа. Еден од петте претставници на европската елита смета дека високото ниво на невработеност ќе биде најголем предизвик и во наредната година. На врвот на листата е и стравот дека европското стопанство нема да расте ниту во 2014 година, а тоа дополнително би можело да ја зголеми социјалната напнатост.
И додека Европа мака мачи со невработеноста, во Америка и Азија главен проблем е нерамномерната поделба на добрата, па богатите стануваат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.
Единствено Германците не стравуваат од невработеност, раслојување и социјални немири. Германската елита во 2014 година најмногу стравува од сајбер нападите на нивните претпријатија.
Слично
