ЕВРОПА СТАРЕЕ: Во земја со 60 милиони нема да има ни 730.000 бебиња
Населението во Европа забрзано старее.
На удар се Франција и Бугарија каде оваа појава зема голем замав.
Бројот на родени лица во Франција и во Европа застрашувачки се намалува, а најалармантна е ситуацијата во Бугарија, стои во извештајот на Националниот статистички институт на Франција објавен во весникот „Економик матен“.
Забележан е пад на родени лица во Франција од 2% во споредба со 2015 година, а во однос на минатата година - 2,7%. Ако продолжи овој тренд можно е во Франција оваа година да се родат помалку од 730.000 бебиња.
Францускиот весник наведува дека се уште нема податоци за 2016 година за Европска унија. За 2015 година регистрирани се 5,09 милиони родени наспроти 5,2 милиони починати.
Најалармантен е соодносот во Бугарија со 70.000 родени наспроти 110.000 починати. Во Германија новородените се околу 200.000 помалку од починатите. Во Италија „недостигот“ достигнал до 160.000 лица. Ситуацијата е загрижувачка и во Грција, Романија, Португалија и Унгарија.
„Економик матен“ пишува дека по неколку децении населението во Италија со актуелниот тренд би паднало на 55 милиони жители, од кои поголемиот број би биле стари лица. Не се знае како би се враќале долговите направени од 60 милиони луѓе при пад на работоспособно население.
