Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа со нови санкции врз Северна Кореја

Европа со нови санкции врз Северна Кореја

Европската Унија воведува построги санкции против Северна Кореја, пренесоа британските медиуми. Според написите, Унијата ги ограничи можностите за трговија со оваа држава по нуклеарната проба минатата недела, со што беа прекршени резолуциите на ОН и и сецернокорејските власти беа предмет на осуда од цел свет.

Новите санкции вклучуваат нови мерки што ја блокираат трговијата со севернокорејски државни обврзници, злато и други скапоцени метали и дијаманти, соопштија дипломати на ЕУ.Новите санкции забрануваат компоненти, кои може да се искористат за изработка на балистички ракети, како што се некои видови алуминиум, а на севернокорејските банки им се забранува да отвораат нови филијали во ЕУ, а европските банки нема да можат да отвораат нови филијали во Северна Кореја.

„Вршиме притисок за примена на санкциите. Тоа е одговорот на нуклеарната програма, која во опасност го доведува не само регионот, туку и целата безбедносна структура во светски рамки“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Слично

Поврзани вести