„Европа со едно око плаче за бегалците, а со другото ги нишани со митралез“
Сирискиот претседател Башар Асад вели дека инвазијата на Америка во Ирак ги поставила темелите за немирите во Сирија. Тој во едно интервју за руски медиуми ја обвини и западната пропаганда која го претставувала него како главен виновник за војната во Сирија.
„Таа „пропаганда“ само ќе му донесе повеќе бегалци на Западот”- вели сирискиот претседател.
Вели дека тоа предизвикува бегалците да бегаат од сириската влада која во медиумите е нарекувана ,,режим’’ иако тие бегале од терористите.
Башар Асад зборуваше и за бегалската криза за која вели дека главниот проблем се терористите.
„Европа со едно око плаче за бегалците, а со другото ги нишани со митралез.Ако сте загрижени за бегалците, престанете да ги поддржувате терористите. Тоа е она што ние го мислиме во врска со кризата. Ова е јадрото на целиот проблем со бегалците“ – изјави претседателот на Сирија.
Слично
