Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eвропа се затвора поради омикрон, а луѓето се бунтуваат

Eвропа се затвора поради омикрон, а луѓето се бунтуваат

Eвропа се затвора поради омикрон. Земјите носат нови анти ковид мерки. 

Мерките значат задолжително носење мерки, забрани за собири, препораки за работа од дома до целосно затворање, како што е случајот во Австрија или Германија, која планира воведување задолжителна вакцинација токму по примерот на Австрија. 

Данска денеска објави дека има вкупно 183 позитивни на омикрон. Оваа земја во петокот имаше само 18 потврдени случаи и 42 сомнителни.  До средината на декември за влез во ресторани, ноќни клубови и кафулиња ќе биде потребен задолжителен сертификат за вакцинација. Илјадници Белгијци маршираа во Брисел на протестите поради новите рестриктивни мерки.

Десетици илјади Австријци на улиците го изразија своето незадоволство за време на третата недела од протестите против воведувањето на задолжителна вакцинација и други епидемиолошки мерки.

Германските власти им препорачаа на своите граѓани да останат дома за божиќните празници во период кога земјата се бори со ширењето на пандемијата со ковид-19. 

На Балканот, и во Хрватска се регистрирани заразени со омикрон. 


Photo: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Слично

Поврзани вести