Европа се подготвува за рекордeн бран бегалци од Северна Африка
„Тритон“, најголемата од ваков вид операција на границите на Европската унија, се подготвува за рекордно зголемување на имигрантите од Северна Африка во предстојните летни месеци.
Илјадници имигранти загинуваат во водите на Средоземното Море секоја година, додека се обидуваат да стигнат до брегот на Италија.
Ева Монкур, портпарол на операцијата на ЕУ, вели за „Ројтерс“ дека таа е повеќе загрижена поради големиот број имигранти, кои веќе преминуваат на Средоземното Море во зима.
„Има зголемување како на крајот на минатата година, така и почетокот на оваа, на бројот мигранти кои пристигнуваат во Италија во текот на зимата. Во претходните години не сме забележувале илјади мигранти да тргнат во текот на зимата, кога времето обично е лошо.“
ОН ја критикуваше спасувачката мисија, велејќи дека таа се концентрира на граничната контрола, а не врз потрагата и спасувањето на бегалци.
