Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа сака да инвестира во Азија

Европа сака да инвестира во Азија
Педесет шефови на држави и влади од Европа и Азија пристигнуваат денеска во престолнината на Лаос на самитот на Азиско-европскиот форум (АСЕМ), пренесе БТА.

Се очекува на самитот Европа да поведе дипломатска офанзива за да ги убеди своите азиски партнери дека може да се крене од должничката криза.

Претседателот на Европската комисија Жозе Барозо подвлече дека ЕУ на средбата ќе ги разгледа можностите за инвестиции и трговија во Азија, но и прашањата, односно предизвиците пред стабилноста и безбедноста во регионот.

При пристигнувањето во Лаос францускиот претседател Франсоа Оланд призна дека во Азија е присутно сомнението за способноста на Европа да биде зона на стабилност и на раст.
Слично

Поврзани вести