Европа притиска, Романија не го сака еврото
Според романскиот претседател Трајан Басеску, влегувањето на Романија во еврозоната во 2015 година е нереална цел, но како што изјави тој денеска во Парламентот, државата може да го воведе еврото по три до четири години.
Во својот говор Басеску посочи дека прифаќањето на еврото е обврска која произлегува од Договорот за членство, но прецизира дека првичната цел за влез во монатарната унија во 2015 година, останува нереална. Тој побара, овој рок треба да биде променет по анализата од страна на Владата, парламентот и Националната банка.
Слично
