Европа под вода, Дунав се излеа во Будимпешта
Реката Дунав се излеа од коритото во главниот град на Унгарија, Будимпешта и во акциите за спас од поплавите се вклучи лично и премиерот Виктор Орбан . Градот од надојдената вода го бранат неколку илјади волонтери и 7.000 војници.
Иако во поплавите кои ги зафатила Германија, Австрија, Словачка и Чешка досега загинаа 19 луѓе, засега нема информации за човечки жртви во Унгарија.
Во истовреме илјадници луѓе се евакуирани во источна Германија, откако попушти браната на надојдената река Елба. Големи површини обработливо земјоделско земјиште се поплавени во обидот да се поштедат градовите.
Во градовите Магдебург и Саск-Анхалт, побарано е од околу 23.000 луѓе да ги напуштат своите домови, бидејќи нивото на реката Елба се зголемило на рекордни 7,48 метри, што е околу 5 метри над нормалата.
Водениот бран се спушта накај Балкaнот, во Србија во среда се очекува излевање на Дунав од коритото.
Слично
