ЕВРОПА: Пет напади за десет дена, убијците не мируваат, што спрема Германија?
За десет дена на европско тло се случија пет ужасни напади со жртви, од кои еден во Франција, четири во Германија.
Министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија Јоаким Херман најави , дека поради нападите, ќе инсистира да се променат законите на сојузно ниво.
„Мораме на другите јасно да им кажеме дека мора да го прифатат правниот поредок во земјава. Ако некој не го почитува правниот поредок ќе мора веќе за мали прекршоци, отколку досега, да биде исфрлен од земјата“, нагласил Херман.
Тој рекол дека ова барање не е поврзано за атентатот во Ансбах, туку дека постојат такви размислувања од птерходно, и дека баварската влада утре ќе разговара за тоа.
„Развив низа предлози“, највил Херман.
Покраината на Баварија, преку која во Германија од Австрија влегуваат мигранти, е соочена со серија терористички напади во кои бројни граѓани ги изгубиле животите и се здобиле со тешки повреди.
Во случајот на Ансбах, каде еден Сириец се крена во воздух близу до музичкиот фестивал, полицијата утрово покрена претрес во бегалските сместувалишта каде живеел напаѓачот.
Тоа беше четвртиот напад кој се случи во Германија за помалку од недела дена.
Неколку часа пред експлозијата една жена е убиена, а уште две лица се повредни кога бегалец од Сирија нападна минувачи со мачета во градот Ројтлинген во близина на Штудгарт.
Експлозијата во Ансбах се случи само два дена после нападот во трговскиот центар во Минхен, исто така во Баварија, кога загинаа девет лица, а десетина се повредни. Напаѓач беше 18-годишен Германец со иранско потекло кој после нападот изврши самоубиство.
Во понеделникот на 18 јули, еден 17-годишне Авганистанец со нож и секира нападна патници во воз. Неколку лица се повредени, а полицијата го уби напаѓачот.
Како што може да се забележи, повеќето напади се извршени од страна на бегалци. Германската канцеларка ширум им ги отвори вратите примајќи ги од војната во Сирија, а тие на пружената рака и возвраќаат со масовни убиства и немири, вознемираувајќи ги Европјаните, чиј континет во последните години стана честа мета на напади и од страна на џихадистите од Исламска држава.
