Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа нема да може да ја преживее следната зима без рускиот гас, вели Макрон

Европа нема да може да ја преживее следната зима без рускиот гас, вели Макрон

Европа е зависна од рускиот гас, а актуелниот француски претседател Емануел Макрон вели дека без него нема да можат да ја преживеат идната зима. 

Макрон ова го изјави во интервју за „Ouest-France“. Тој рече дека ЕУ не разговара за ембарго за испорака на јаглеводороди од Русија. 

„Денеска нема решенија кои ни овозможуваат целосно да го замениме гасот што го увезуваме од Русија со други добавувачи“, истакна Макрон.

Но, францускиот претседател е убеден дека е неопходно да се зајакнат санкциите и да се продолжи со притисокот врз Русија, но истовремено да не се подлегнува на каква било ескалација.

Макрон призна дека Франција веќе го снабдува Киев со неколку видови оружје, вклучувајќи ги ракетните системи „Милано“ и самоодните артилериски единици „Цезар“.

ЕУ во повеќе наврати воведе санкции против Русија поради војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести