Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа не сака да го претвори Пуџдемон во политички затвореник

Европа не сака да го претвори Пуџдемон во политички затвореник

Карлес Пуџдемон ќе може да се брани од слобода откако белгискиот суд го пушти заедно со уште четворица негови министри од разрешената влада на Каталонија со цел да се создаде слика дека Европа не сака од него да создаде слика за политички затвореник. Пуџдемон и четворицата министри сами се предадоа на белгиската полиција поради европскиот налог за нивно апсење издаден од шпанските власти. 

Барањето, кое во текот на вчерашниот ден го поднесе обвинителството во Брисел, за времено ослободување на бараните лица, го издаде истражен судија, соопшти канцеларијата на обвинителот. Ослободување на Пуџдемон доаѓа по новите големи протести во Каталонија на кои беше изразено силно незадоволство од постапките на белгиските правосудни органи кои размислуваат дали да извршат екстрадиција набрзо.

Пуџдемон и екс каталонските министри ќе мораат да остават адреса на која се наоѓаат и да се јавуваат на сите судски и полициски повици. На таа одлука не може да се поднесе жалба, пишува во соопштението.

Пуџдемон не смее да ја напушти Белгија и мора да се јавува на суд во следните 15 денови, објавија западните медиуми. На него ќе му се суди за бунт, завера и злоупотреба на јавни фондови. Каталонскиот лидер посочи дека ќе се врати во Шпанија доколку му биде загарантирано фер судење. 

Слично

Поврзани вести