Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа не сака да брза со анти-руските санкции на САД

Европа не сака да брза со анти-руските санкции на САД

Европските сојузници на САД не се задоволни од новите санкции кои се договорени во Сенатот и за истите поддршка дадоа и Републиканските и Демократските сенатори. ЕУ смета дека нови санкции значително негативно би влијаеле на многу бизнис потфати и може да се забележат директно економски последици, особено поради доставата на енергенси. 

Германија веќе предупреди на можен одговор доколку САД почнат да ги казнуваат германските компании кои учествуваат во изградбата на новиот гасовод на Балтикот за рускиот гас.

Дипломати од ЕУ изразиле загриженост дека германско-американскиот спор околу гасоводот Северен ток 2 кој го гради руски Газпром би можел да ги искомплицира напорите во Брисел да се дојде до консензус во преговорите со Москва за проектот.

„Многу го вреднуваме единството меѓу меѓународните партнери во нашиот пристап кон постапките на Русија во Украина и подоцнежните санкции. Единството е гарант на ефикасноста и сигурноста на нашите мерки“, се истакнува во сооштението на Европската комисија.

Во соопштението се истакнува дека Брисел сфаќа дека нацрт законот за санкциите против Иран и Русија е воден главно од интереси на домашен план.


Слично

Поврзани вести