Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПА: На секои 17 секунди по еден човек умира од коронавирусот

ЕВРОПА: На секои 17 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Во Европа на секои 17 секунди умирало по едно лице од коронавирусот. 

На ова предупредил Ханс Клуге, директор на на СЗО за Европа.

На континентот досега починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони инфицирани од коронавирус.

Во предходните две недели бројот на смртни случаи се зголемил за 18 отсто.

„Ако во изминатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од корона. Моментално секој ден умираат околу 4.500 лица. Само во ноември забележани се повеќе од четири милиони нови случаи“, предупредил Клуге.

Вели дека кога 95 отсто од луѓето би носеле маски, „рестрективни мерки не би биле потребни“.

Се смета дека вирусот во Европа бил присутен уште лани во септември. 

Во светот со коронавирус се заразени 57.5 милиони луѓе. 

Слично

Поврзани вести