ЕВРОПА НА НОЗЕ ПРОТИВ КОВИД МЕРКИТЕ: Протести во Берлин и во Париз, не сакаат повеќе носење маски
Во Берлин и во
Париз денеска се одржаа масовни протести на граѓани кои повеќе не сакаат да ги
почитуваат мерките против корона вирусот. Со транспаренти на кои пишуваше „Стоп
за лагите за корона“, граѓаните во овие два најголеми европски градови
протестираа против носењето маски и држење социјална дистанца кои властите го воведоа од почетокот на
пандемијата како превенција за заштита од ширењето на вирусот.
Демонстрантите носеа и транспаренти на кои пишуваше „Меркел мора да си оди“, бидејќи канцеларката вчера предупреди дека грѓаните не смеат премногу да се опуштаат и дека се уште треба сериозно да ја сфатат ситуацијата во врска со епидемијата со Ковид-19.
Слично беше и на улиците на Париз, каде собирите беа главно насочени против задолжителното носење маски, а парижаните имаа транспаренти на кои имаше пораки со ваква содржина: „Долу санитарната диктатура!“, „Не сакаме да носиме маски!“, „Моќ на народот!“.
