Економија, финансии, бизнис

Контакт

EВРОПА НА КОЛЕНА: Oд студ починаа 55 луѓе

EВРОПА НА КОЛЕНА: Oд студ починаа 55 луѓе

Бројот на жртвите од студот во Европа се искачи до 55, oд кои дури 30 се од Украина, повеќето бездомници.

Во Киев температурите паднаа до минус 23 степени.

Портпаролката на украинското Министерство за вонредни ситуации, Јулија Јершова изјави дека 21 лице се пронајдени смрзнати на улица, петмина починале в болница, а четири во своите домови.

Двајца возрасни и дете загинаа вчера во Велика Британија, како резултат од снежните врнежи и студот предвизикани од атлантската бура „Ема“ и антициклонот „Ѕверот од Истокот“.

Во последните 24 часа во Полска починаа пет лица, а вкупно 15 за четири дена, соопшти националната полиција.

Во Романија од студ починаа две лица, со што смртниот биланс од почетокот на стидениот бран во земјата се искачи на осум лица.

Во текот на ноќта во Москва почина едно лице, објави руското Министерство за здравство.

На територијата на Англија и Велс вчера е прогласен „црвен код“ за опасност поради лошото време. Во Велика Британија се затворени илјадници училишта. Во Шкотска и натаму се затворени двата најголеми аеродроми – во Единбург и Глазгов. Повеќе летови се одложени и од другите аеродроми во Британија, вклучително и од Лондон.

Слично

Поврзани вести