ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИ КОВИД И БЕЗ ВАКЦИНА: СЗО оптимистична за борбата со вирусот
Според регионалниот
директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, доколку
успешно се контролираат жариштата на корона вирусот, Европа може да живее и
успешно да се избори со пандемијата и без вакцината.
„Toа ќе се случи кога ќе научиме да живееме со пандемијата, а тоа може да биде веќе утре, изјави тој во интервју за Скај Њуз, истовремено нагласувајќи дека не очекува повторно да бидат водеведни рестриктивни мерки поради вториот бран кој се очекува во текот на есента.
Сепак не ја исклучува можноста тоа да биде итен чекор на властите во одредени земји соколку има потреба.
-Јас сум оптимист, но сè уште не ја исклучувам можноста за воведување локални мерки за итни случаи во кризни региони.
И според шефот на шведската агенција за јавно здравје, Јохан Карлсон, новата вакцина против Ковид-19 веројатно ќе биде важна алатка, но не и крајно решение за проблемот
Шведскитездравствени власти сметаат дека вакцината против корона вирусот најпрво треба да им се дава на луѓето постари од 70 години, лица со ризик, како и медицинскиот персонал и негувателите.
