Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа мора да го бара својот нов изглед, порача Ќучук

Европа мора да го бара својот нов изглед, порача  Ќучук

Eвропратеникот Илхан Ќучук порача дека Европа мора да го бара својот нов изглед. 

Тој вели дека дизајнот на европските институции е направен за 20-от век, а не за 21-от век. Ќучук додаде дека дигиталната платформа на конференцијата за иднината на Европа создава можност за една нова демократија, механизам преку кој европските институции можат да добиваат нови идеи.

„Би било грешка да се остави ова само во рамките на конференцијата, доколку не се воспостави одржлив механизам овие идеи да бидат на европската агенда“, рече тој.

Тој на овие теми се осврна на дискусијата на тема „Како да се слушне гласот на граѓаните преку Конференцијата за иднината на Европа?”.

Слично

Поврзани вести