Европа лидер по вработувања, еве каде се бараат работници!
Иако податоците за европската невработеност која стигнува до речиси 12% стануваат се позагрижувачки, сепак најголема потреба од работна сила има токму во Европа, покажа истражувањето кое го пренесе француската „20 minutes“. Европа останува лидер во бројот на понудените работни места, оставајќи ги во позадина силните конкуренти како што се САД и Кина.
Какви и да се причините за работа во странство - желбата за нова кариера или подобро платена работа, одливот на високообразовани кадри предизвикува еден вид конкуренција на меѓународниот пазар на труд. Секако, тоа е причината за недостигот на квалификувани кадри во некои земји.
На европскиот пазар на труд најмногу работни места се достапни во областа на хотелиерството и угостителството.70% од овие вработувања се во земјите со развиена туристичка индустрија.
Лидери во барање работници се Белгија, Швајцарија, Луксембург, Германија и Велика Британија.
Слично
