Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа ќе спроведе Дигитална агенда за Западен Балкан

Европа ќе спроведе Дигитална агенда за Западен Балкан

Европската комисија на денешниот состанок во бугарската престолнина Софија соопшти дека ќе лансира Дигитална агенда за Западен Балкан. 

Целта е да се направи побрза транзиција во однос на дигиталната трансформација со цел побрз економски раст, поголема вработеност и нудење на подобри услуги.

„Дигитално по дефиниција значи безгранично, односно мост за спојување на земјите и контитентите. На денешниот состанок беше понудена Дигитална агенда за Западен Балкан што следи по посветеноста на лидерите на ЕУ со потпишувањето на договор на 17 мај во Софија“, изјави комесарката на ЕУ за дигитална економија, Марија Габриел. 

Во соопштението се наведува дека Габриел заедно со шест министри од регионот на Западен Балкан се обрзуваат да инвестираат во оваа програма за која Европската Унија спреми грантови од 30 милиони евра. 


Слично

Поврзани вести