Европа ја губи битката со коронавирусот, тврди СЗО
Oд Светската здравствена организација велат дека Европа ја губи битката со коронавирусот.
Додаваат дека ситуацијата е немилосрдно црна и голем број земји објавија рекордни бројки, почнувајќи од Франција, која завчера имаше повеќе од 50.000 нови инфекции.
Во Европа има повеќе од 250.000 починати.
„Сега во Европа, заостануваме зад овој вирус и за да излеземе пред него, ни треба сериозно забрзување“, рече Мајк Рајан од СЗО на прес-конференцијата во Женева.
Рекорден број на новозаразени со коронавирусот има во Полска за еден ден односно 16.300.Во повеќе градови низ Италија синоќа се одржаа протести против новите рестрикции за спречување на ширење на вирусот.
Белгија пак ги враќа на работа и заразените лекари кои немаат симптоми.
Белгија сега е најтешко погодена земја со коронавирусот во Европа со најголем број на инфекции на 100.000 жители.
