Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа има над 10 милиони заразени

Европа има над 10 милиони заразени

Европа го надмина прагот од 10 милиони заразени со коронавирусот. 

Информацијата ја соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Изминатата недела, според СЗО, Европа има најголем раст на случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата. 

Во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти.

„Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи“, рече Клуге.

Во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.

Хоспитализирани се повеќе од 10 лица на 100.000 жители во третина од земјите во Европа. 

Има раст на смртните случаи за 32 проценти низ целиот континент.

Франција и Германија одат во карантин, а здравството во Белгија е пред колапс. 

Слично

Поврзани вести