Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа „гори“, екстремни жештини во повеќе земји

Европа „гори“, екстремни жештини во повеќе земји

Екстремно топол бран ја зафати Европа. 

Температурните рекорди се срушени во Франција и Шпанија.  Метеоролозите во Франција предвидуваат дека температурите во некои делови од земјата денеска ќе достигнат до 42 Целзиусови степени.  Топлотниот бран што ја зафати Франција е најраниот таков бран од почетокот на мерењата во 1947 година, објави Националната метеоролошка агенција. Концертите и големите јавни собири се откажани во областа Жиронд околу градот Бордо. Земјоделците во Италија стравуваат дека сушата ќе влијае на приносите. Нивото на водата во реката По падна за 75 отсто во однос на просекот. Во шпанскиот регион Каталонија беснеат шумски пожари. Научниците посочуваат дека климатските промени влијаат на ваквите температури. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести