Европа го ублажува ембаргото за сириската нафта?
Европската унија изрази подготвеност за да го ублажи своето ембарго на сириската нафта поради желбата да им даде поттик на силите што се борат за соборување на режимот на претседателот Башар ал Асад. Според изјавите на засега неименувани европски дипломати, таквата одлука ќе овозможи увоз на технологија за производство на нафта и извоз на сирова нафта од територијата што е под контрола на сириската опозиција, во блиска координација со лидерите на бунтовнциите.
Сирија никогаш не била голем производител на нафта, но извозот на оваа сировина може да донесе важен приход за сириската опозиција. Дипломатите посочиле дека се уште не е јасно кога и колку сирова нафта може да се извезе заради нестабилната ситуација во државата.
