Европа го моли Вашингтон за спас од рускиот гас
Четири земји од Централна Европа побараа помош од Американскиот конгрес во обид да ја надминат својата енергетска зависност од Русија, пишува Financial Times.
Амбасадорите на Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се свртеа кон Вашингтон со писмото испратено во петокот до Џон Беинр, лидер на Претставничкиот дом на САД, и Хари Рид, лидер на мнозинството во Сенатот.
Во текстот амбасадорите инсистираат на укинување на ограничувањата за извоз на американскиот гас и нивните земји да почнат да добиваат снабдување со течно сино гориво.
Во писмото се наведува дека енергетската безбедност не е само секојдневен проблем за милиони граѓани во регионот, туку е едно од најголемите предизвици за американските сојузници во Централна и Источна Европа во моментов.
Меѓу 70 и 100% од гасот во Полска, Унгарија, Чешка и Словачка се купуваат токму од Русија, посочуваат амбасадорите. Тие изразуваат загриженост дека Москва го користи ова како опасно геополитичко оружје. Според зборовите на амбасадорите присуството на американски природен гас ќе е добредојден за Централна и Источна Европа, а активностите на Конгресот би се совпаднале со исклучително важен момент за регионот.
Претходно Беинр повика за либерализацијата на американското енергетско законодавство со цел противење на Русија на европскиот пазар.
Се очекува првиот американски терминал за извоз на течен гас да биде подготвен во втората половина на 2015 година. Сепак приврзаниците на идејата сметаат дека, ако биде дадено реално согласност за тоа, ќе биде испратен јасен сигнал до рускиот претседател Владимир Путин.
Слично
