Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПА ГИ ЗАСИЛУВА КАРАНТИНСКИТЕ МЕРКИ: Жестоки протести во Холандија и Австрија

ЕВРОПА ГИ ЗАСИЛУВА КАРАНТИНСКИТЕ МЕРКИ: Жестоки протести во Холандија и Австрија

Холандската влада ги продолжи карантинските мерки за уште три недели, па таму остануваат затворени училиштата и повеќето продавници уште од декември. Ова предизвика револт, па денеска на улиците на Амстердам имаше бројни протести на граѓаните кои се противат на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на заразата.

Претходно и Австрија најави продолжување на ограничивањата, па на протестите кои се одржаа во Виена полицијата уапси 23 лица и поднесе кривични пријави против повеќе од 300 демонстранти. На протестот присуствуваа околу 10.000 лица, вклучувајќи и членови на десничарската политичка сцена во земјата.

ФОТО/News.ro

Слично

Поврзани вести