„Европа е во војна“, земјите го зголемуваат нивото на безбедност!
Францускиот премиер Мануел Валс вели дека Европа е „во воена состојба“ и дека терористичката закана често расте. Европските земји од утрово го креваат нивото на безбеднсот.
Аналитичарите велат дека „војната стигнала во Европа“ и дека веќе „не се води таму негде, преку океанот“.
Властите во Франција, Холандија, Велика Британија и Германија реагираа на нападите во Брисел и го зголемија присуството на полицијата и војска на аеродромите и границите.
Франција веднаш после нападот во Брисел мобилизирала 1600 полицајци и ги распоредила на важни точки на границите на земјата.
„Тоа е неопходно за да одржиме будност“, рекол министерот на полицијата Бернар Казнев.
Германската полиција соопштила дека ги зголемила безбедносните контроли на границите со Белгија, Франција, Холандија и Луксембург.
Британските власти потврдија дека испратиле додатни полициски сили на „клучните позиции во Велика Британија“. Зголемена е безбедноста на поголемите аеродроми и железнички станици.
„Во прашање се превентивни мерки во клучните транспортни поврзувања. Сакаме да ги заштитиме граѓаните и да им понудиме чувство на безбедност. Ова нема врска со некои посебни разузнавачки информации“, соопштила британската полиција.
Во Холандија е закажан итен состанок поради нападите во Брисел, а официјални лица велат дека се очекува издавање на препораки да не се патува во Брисел, но и дека е зголемена безбедноста околу нуклеарните постројувања во земјата.
