Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа е подготвена: Потврден мандатот на новата Европска комисија

Европа е подготвена: Потврден мандатот на новата Европска комисија

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 157 гласа „против“ и 89 „воздржани“ го изгласа новиот состав на Европската комисија.

Европската комсија, на чело со претседателката Урсула фон дер Лајен, ќе го почне својот петгодишен мандат за 1 декември.

Таа пред гласањето вети „трансформација внатре во ЕУ која ќе го опфати секој дел од општеството и економијата“.

-Подготвени сме, Европа е подготвена. Мојата порака е едноставна: Ајде да работиме“, порача Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен пред неколку дена од наследникот на еврокомесарот Хан побара силна поддршка за Македонија и Албанија за започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Претседателката експлицитно му порачува на кандидатот за еврокомесар дека нејзината Комисија „ќе застане зад предлогот да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија“.

Слично

Поврзани вести