Европа е на праг на банкарска криза
Италијанската банкарска криза може да се прошири и во цела Европa.
Во Берлин и Брисел се плашат дека активностите на италијанскиот премиер може да го поткопаат целиот банкарски систем. Италијанската банкарска криза може да се шири кон остатокот на Европа. Целиот банкарски пазар е под притисок.
Италијанскиот премиер Матео Ренци подготвува милијардита инјекција на државен капитал за спасување на банките во Италија, кои имаат стекнато „лоши“ долгови во вкупна вредност од 360 милијарди евра. Овој план за 40 милијарди евра и треба да овозможи да се изврши масовна рекапитализација на банкарскиот систем, што други европски држави го започнаа пред неколку години, пишува „Фајненшл Тајмс". Проблемот е во тоа што спасувачките мерки на Ренци влегуваат во конфликт со регулаторните одредби во Европската унија, воведени како одговор на финансиската криза од 2008 година.
Доверителите и акционерите треба да го преземат товарот на спасувањето на банките. А тоа би значело банкрот за стотици милијарди евра во Италија, кои ќе влијаат на сите финансиски институции во Европа.
Како во Италија така и во Германија има премногу банки, кои не се профитабилни и е потребна консолидација.
