Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никозија: „Европа да остане на народите, а не на господарите“

Никозија: „Европа да остане на народите, а не на господарите“
Голем протестен марш организираа денеска илјадници ученици и студенти во Никозија,  против претстојите преговори на кипарската Влада со тројката меѓународни кредитори Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонде, за склучување меморандум за отпуштање на спасувачката помош од десет милијади евра за Кипар. Учесниците во протестот скандираа „Тројката надвор од Кипар“, „Ни ја урнавте иднината и нашите соништа“, „Народот ги сака предавниците во затвор“. Тие уште порачаа „Европа да остане на народите, а не на господарите“. Од друга страна пак  во знак на свој  протест претседателот на Управниот совет на најголемата кипарска банкарска институција, „Банката на Кипар“, Андреас Артемис денеска поднесе оставка на функцијата. Затоа што не бил претходно инфромиран за именувањето на нов менаџер на оваа финансиска институција.

Сепак според други извори пак, оставката на Артемис е поврзана со преземањето на филијалите на кипарските банки во Грција од страна на грчката „Пиреус Банка“.

 
Слично

Поврзани вести