ЕВРОПА ЧЕКА: Кои банки паднаа?
Веста дека најмалку 11 банки од шест европски земји не го поминале стрес-тестот на Европската централна банка предизвика бурни реакции во ЕУ.
Според шпанските медиуми, кои наведуваат прелиминарни податоци, тестот нема да го поминат три италијански, три грчки, две австриски, една кипарска, една португалска и една белгиска банка.
Заради ваквите информации се огласи Европската централна банка, според која анализите уште не се завршени и банките не ги добиле конечните резултати од тестот. Според ЕЦБ медиумските извештаи се шпекулативни, а официјалните резултати ќе бидат познати в недела.
Одредени банки побрзаа да ги демантираат ваквите информации. Меѓу првите беа Групацијата Ерсте и кипарските банки. Според аналитичарите, пак, дури 18 од вкупно 130 тестирани банки нема да го поминат тестот на ЕЦБ, наменет да ја провери нивната стабилност.
Слично
