Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа бавно се вакцинира, констатира СЗО

Европа бавно се вакцинира, констатира СЗО

Неприфатливо бавно e темпото на вакцинација во Европа, забележуваат од Светската здравствена организација. 

Во европскиот регион на СЗО само 10 отсто од скоро 900 милиони луѓе примиле една доза вакцина. Поради лошата ковид слика околу 27 земји од над 50 вклучени во европскиот регион на СЗО спроведоа делумно или целосно заклучување. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека ситуацијата е позагрижувачка отколку што беше претходните месеци. Вели дека вакцините се најдобриот начин за излез од пандемијата. И во Европа се појавуваат нови мутации на вирусот. Мутација неодамна е откриена во Чешка. Со тоа опасноста расте. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести