Еврокомисијата ја повика Турција да го контролира протокот на мигранти кон ЕУ
Европската комисија побарала Турција да го контролира протокот на мигранти кон земјите од ЕУ.
Европскиот комесар за миграцијата Димитрис Аврамопулос ќе ја посети Турција на разговори за овој проблем. Еврокомисијата има намера да ја зајакне соработката со Турција во сферата на контролата на границите.
Европскиот комесар истакна уште дека турските власти ефикасно соработуваат со грчките колеги особено во крајбрежната стража на границите.
Но, речиси сите потоци од мигранти се движат кон Егејското Море и прашањето е какви мерки треба да се преземат, вклучувајќи ги заедничките, за да бидат запрени и најголемиот проблем кој се заканува да се прошири уште повеќе. На него ќе бидат посветени на разговорите во Анкара, додаде еврокомесарот.
Турското летувалиште Бодрум е најкраткиот пат до грчкиот остров Кос, кој може да се помине со гумени чамци. Бодрум е преплавен со мигранти кои се подложуваат на нечовечки ризици само и само за да стигнат до грчкиот европски брег.
Вчера група мигранти во Бодрум се степаа поради недостиг на места во чамец, со која требало да стигнат до островот Кос.
Дневно меѓу 800 и 1.000 мигранти пристигнуваат од Турција на островот Кос.
