Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврокомисијата го сомничи „Шиен“ за продажба на илегални производи

Еврокомисијата го сомничи „Шиен“ за продажба на илегални производи

Европската комисија соопшти дека врз основа на Законот за дигитални услуги (ДСА) испратила барање до веб-страницата за електронска трговија „Шиен“ за доставување информации во врска со индикациите дека во продажба нуди илегални производи, како секс кукли во форма на деца и оружје.

Во денешното соопштение на Еврокомисијата се наведува дека барањето е испратено по добиените информации дека вакви илегални производи биле продадени преку „Шиен“ во Франција.

- Комисијата се сомнева дека системот на „Шиен“ би можел да претставува системски ризик за потрошувачите низ целата Европска Унија, се додава во соопштението.

Комисијата формално бара од „Шиен“ да ѝ достави детални информации и интерни документи за тоа како осигурува дека малолетниците не се изложени на содржина несоодветни за нивната возраста и како спречува циркулација на илегални производи на неговата платформа.

Со Законот за дигитални услуги (ДСА) веб-страниците кои имаат статус на „многу големи онлајн платформи“ (ВЛОП), меѓу кои е и „Шиен“, се обврзани да ги проценат и соодветно да ги ублажат системските ризици по малолетниците или од ширењето на илегална содржина, што можат да произлезат од нивните услуги.

Слично

Поврзани вести